Софтвер за фактурирање

 

 

Брзата и квалитетна услуга на клиентите е императив за секоја фирма. Брзата изработка на фактури, зависи од ергономијата на програмот и избегнување на непотребно повторливи процеси.

 
Програмот Fakturiranje е наменет за:

 

  • припрема и печатење на фактури (основен пакет),
  • преглед на фактурите (основен пакет),
  • каса во малопродажба (плагин)
  • печатење фискални сметки (плагин),
  • евиденција на фактурите во Excel документ (плагин),
  • евиденција на уплати по фактури (плагин)

Генерирањето на фактури е едноставно и лесно. Се прави во само неколку чекори.
Многу податоци кои се подразбирливи и најчесто користени нема потреба да се внесуваат при изработката на секоја фактура. Програмот ги предлага, а корисникот само потврдува (со Enter). Олеснета е работата на продавачот, но и на сметководствената служба.

 

Можни се два начина на изработка на фактура:

 

  1. фактура со слободен внес на производи/услуги, кои не ги содржи базата на податоци, а кои се различни за секој клиент/случај посебно.
  2. фактура со производи кои ги содржи базата на податоци.

Програмот користи SQL база на податоци со која се гарантира сигурност на податоците (под условите и упатствата на користење).
Базата на податоци може да биде заедничка за повеќе продажни места, односно за повеќе лица кои независно, на посебни компјутери поврзани во мрежа, ја користат програмата Fakturiranje.
Секоја фактура останува засекогаш запишана во базата на податоци и можно е нејзино повторно печатење ако за тоа се појави потреба. При наплата секоја фактура може да се фискализира (да се отпечати фискална сметка), а исто така при евентуална грешка истата да се сторнира.

 

Поддржани фискални апарати:

 

  • Synergy PF500 (фискален принтер)
  • Synergy SY-50 (фискална каса-принтер)
  • Mak-Elit Print (фискален принтер)
  • Mak-Elit Mikro (фискална каса-принтер)
  • Bravo (фискален принтер)
  • Arcadia (фискална каса-принтер)
  • EURO-2000 T/TE ALPHA - Elcom (фискална каса-принтер)
  • VIVO (фискален принтер)

Нови фискални апарати (драјвериупатство):

 

  • Акцент (Synergy PF550, SY55)
  • ДАВИД (сите модели),
  • ДУНА (Развигорец/Вардарец)

При изработката на програмот се водеше сметка неговата употреба да е лесна и интуитивна, со користење само на тастатура. Глувчето може - но не мора.

Се проширува со следните плагини (кои се активираат само со регистрација)

 

Како да го купам?

симнување на Софтвер за фактурирање

симнување на упатство (.pdf)

видео упатство за инсталација (swf)

поддржани фискални апарати

верзија